Да, денес беше Први Мај, денот на работниците. Местото каде ми е пчеларникот всушност е традиционално излетничко место за Први Мај, на локалните, главно помлади жители од блиското село.
Во ваква пригода не е лошо пчеларот да им се покаже на излетниците, затоа што тие се во состојба да се сместат на само неколку метри од сандаците.
Но добро, кога веќе одам со кола, си помислив, зошто да не однесам барем два троделни оплодници и неколку вреќи полни со рамки со темно саќе, влажни од последното ланско центрифугирање.
Но, веднаш потоа го отворив и семејството кое ми беше донатор на ларви и ја констатирав состојбата како на сликава.
Попладнево во саќето на Јентерот имаше комбинација на повеќе јајца и понекоја, едвам забележлива ларва.
Патем ги ѕирнав и матичниците - колку да видам како напредуваат. |
По моја проценка багремот на локацијата на овој пчеларник ќе цвета и меди за два дена.
Најпосле ми текна дека не е лошо да направам барем три оплодника со по едно рамче затворено легло - за така да искористам барем три добри матичници од роевскиот сандак на Долна Матка.
Барајќи од каде да земам легло (пак, во обзир доаѓаат не ротираните, туку само слабите или пак демарираните семејства) го одбрав на 23-ти април демарираното семејство, на кое пред неколку дена (на 27-ми април) му ги донирав двата рама со отворено легло од првиот стартер/одгледувач... И...
Оп! На едниот рам од тие два, најдов еден добар затворен матичник. Па така, наместо три, од тоа семејство оформив четири оплодници.
Утре, испланирав, донекаде ќе му надоместам на ова семејство со двете рамки отворено легло од денес оформениот стартер.
Еве како изгледа денес местото на вчерашниот трутовски колеж. |
Пчелите мошне интензивно работеа до зајдисонце и подоцна.
Кога се вратив дома излегувајќи од колата си помислив дека пред малку поминала некоја парфимирана жена... Ама, не! Тоа беше мирисот на багремот над мојата глава.
Ова се фотогрфии направени пред да тргнам на пчеларник. |
На стаклата од колата денес, за прв пат во оваа сезона, забележав ситни капки од медлика - багремот, истовремено со цветањето и нектарењето, почнуваше да продуцира и медлика.
Троделниот оплодник остана во темна и постудена просторија, да го чека утрото.
Постави коментар Blogger Facebook