0

Вчерашниот пчеларски ден и не заврши со мојата утринска посета на пчеларникот во скопското поле (Последен ден на багремовата паша).

Вториот дел од денот беше она што јас и мојот пријател-компањон моравме да го завршиме навистина бргу, затоа што имавме вечерни обврски.

Заминавме најпрвин на пчеларникот во Горна Матка за да провериме како ни се делениците и матиците во нив и за да префрлиме два сандака од ДБ опрема за 10 на 12 рамки.

На едниот деленик во нуклеусот не можевме да му најдеме матица, но имаше јајца и за секој случај му додадовме дури 2 рама со отворено легло.

На деленикот што остана во оригиналниот сандак му ја видовме матицата - само што се беше вратила од парење.


Кога се обидовме да отвориме и еден од троделните оплодници - истата слика: матица со остаток од трут во задникот!


По ова решивме да не ги гибаме веќе останатите оплодници.

Неколку сандаци беа донатори на рамки со легло и пчели а примателите на донации веќе со овие последни донации, по сила, ги стигнуваа донаторите, и ние истовремено им поставувавме медишта.

Но, на овој пчеларник тренд беше пчелите да не работат во медиштата (со исклучок на ДБ 10-тките), туку медот го трупаа под решетките, блокирајќи го леглото.


Следно беше тоа што моравме да одиме и до другиот пчеларник во Долна Матка за да направиме безматични деленици-оплодници (троделни).

Мајчината душица беше во полн цвет.
Поглед над пчеларникот: Скопје.
Од едно послабо семејство во Фарар сандак успеавме да направиме 5 оплодници а него класично да го демарираме. (Еден оплодник беше успешен од порано).

Поилката во Долна Матка беше без ниту една единствена пчела.
Тие што работеа горе в медиште - убаво сработеле!
Така пчеларскиот ден го завршивем во предвиденото време (18.30) откако со двата троделни оплодника дојдовме и ги поставивме во пчеларникот во скопското поле.

Го отворивме и сандакот што ги негуваше матичниците од вториот турнус и заеднички се согласивме дека овие матичници не заслужуваат да им создаваат услови за оплодување - во време кога на локацијава се уште има добра паша.

Оваа оса-матица си правеше гнездо под капак на пчелно семејство - ја згазив.
Да не заборавам, пред одење набрзина направив уште два деленика-оплодника во празните места што ги имав кај тамошните веќе населени троделни оплодници.

Постави коментар Blogger

 
Top