Откако го оставив синчето на школо, бев цврсто решен да заминам на пчеларник - иако и не ми беше баш дефинитивно јасно што ќе правам.
Кога стигнав со точакот до влезот во багремовата шумичка кај пчеларникот во скопското поле пријатно бев изненаден од долготрајноста на багремовата паша - вчера се уште траеше!
![]() |
Цветовите на багремот можат да ги легнат младите стебла. |
![]() |
И мравките почнаа да се прилагодуваат на тропските дождови. |
Беше неопходно да најдам пчелни семејства - жртви, од кои требаше да формирам дури 15-тина оплодници.
Само што дојдов а работата на пчелите се забрза речиси исто како и при врвот на багремовата паша.
Задачава со оплодниците не ми беше баш благодарна бидејќи и матичниците што требаше да се додадат не заслужуваа најдобар третман - а одличната паша како да не сакаше да попушти...
Кружев околу сандаците и се туфкаф: ова ќе го распарчам - не... Ова другово... А и ова може... Најпосле, немав многу време и си реков, ај да го видам ова.
Беше многу послабо од другите, рано на пролет. Сум го демарирал на први мај, подготвувајќи го за евентуално да биде донатор за рамки со затворено легло и пчели за оплодници... Само што го кренав неговото медиште, јасно ми беше дека не е празно. А-бре жал да тие да го “касапиш“.
![]() |
Медиштето не е полно, но до таму каде што имало пчели - има и мед. |
На одење фотографирав дел од разновидната паша на која полека преминуваа пчелите разочарани од попустото преминување од еден на друг багремов цвет.
![]() |
Ова дрво го нарекуваат Гледичија (Gleditsia triacanthos) и е прва роднина на багремот. Може да порасне во огромни димензии. За пчелите е рај! |
![]() |
Цвета веднаш после багремот и ова, конкретно, во близина на пчеларникот брмчеше од пчели. |
![]() |
Умите луѓе и пчелари го садат густо и го кројат во облик на непробојна жива ограда, низ која само тенк може да мине (има огромни боцки!) |
Постави коментар Blogger Facebook
Кликни за да го видиш кодот!
Да се внесе emoticon потребно е да се внесе празен простор пред кодот.