Здраво!
И денес постои, на влезот е, во дворот од куќата каде што и денес живеам, таа самоникната сливка - џанка.
Чудни се патиштата господови, би рекол и некој атеист, како мене...
Дали таа сливка се роди и порасна, за мене да ме воведе во пчеларството?
Затоа што... Така беше.
Седев под неа, размислувајќи за ништожноста на сопственото постоење на овој свет, кога...
Нешто бруеше толку многу силно над мојата глава, што не можев да одбегнам да погледнам нагоре, за да видам што е.
Беа тоа илјадници пчели што вртеа околу снежно белите цветови на радосната слива.
Еве како изгледав во деновите кога го пишував ова. Случајно или не - сега забележав, дека се фотографирав себе си - пак под истата сливка. |
Еве како изгледав деновиве... |
Ме викаат Александар Михајловски. Во Скопје живеам (Македонија) и без обзир на тоа што за мене другите ќе кажат, уверен сум, дека моето постоење на оваа планета нема никаква грандиозна димензија.
Има смисла, само ако, и додека можам, со пчелите да се дружам...
А со пчелите живеам повеќе од 25 години (првиот самостоен преглед на првото пчелно семејство сум го направил на 22 јуни 1988).
За читателите на овој блог е битно да се знае дека работам со сандаци кои вертикално се прошируваат, имаат еднакви спратови со висина од 19 сантиметри, а ширината и должината им се како на Лангстрот-Рут (ЛР), што кај нас ги нарекуваме Фарар (ФР) . Имам и неколку спратови/сандаци ЛР и ДБ (Дадант-Блат).
П.С. Цртежот/гротеска е видување на мојата “грандиозност“, какво што мојата сопруга (авторот) го имаше, тогаш кога ме сретна.
Информации за контакт:
Aleksandar Mihajlovski
(Macedonian beekeeping journal: Melitagora)
Address:
Ul. Helsinki 41, 1000 Skopje,
Republic of Macedonia
Republic of Macedonia
Contact:
Tel./Fax(modem): ++ 389 (0)2 3091415
GSM, SMS: ++ 389 (0)77 884230
E-mail: melitagora(мајмунче)yahoo.com