1

Имате дилема или трилема... Со кои?

Не е воопшто ретка ситуацијата во која еден почетник ќе праша поисусен пчелар: со кој тип сандаци е најдобро да се пчелари (стандарден - нестандарден)?

Јас мислам дека секој почетник треба да контактира што е можно повеќе локални поискусни пчелари за да му одговорат на прашањето: за кој тип стандардни сандацисметаат тие, дека е најзастапен во нивниот регион? (А пак почетникот најмногу треба да ги почитува одговорите на оние наши колеги кои, од година во година имаат првин пчели а после и матици за продавање! И, секако, ова значи, добро би било почетникот-пчелар да го поставува и тоа прашање! - кои се тие пчелари?)

Јас мислам дека во почетокот на пчеларењето не треба да се губат време и пари на донесување одлуки за кои се немаат (и не е возможно да се имаат) потребните предиспозиции.

Треба да се купат макар и било какви сандаци со пчели, (но да повторам, најдобро би било да бидат од најстандардните/најзастапените) и да не се губи ниту една година/сезона - затоа што запознавањето на самите пчели/пчелни семејства е всушност најважно! Убедливо поважно од сите дилеми околу постоечките типови пчелни сандаци!

Подоцна, после 3 - 5 - 8 години, откако ќе се запознаат нормалните и доволно голем дел од аномаличните состојби кај пчелното семејство, ќе може да се направи добра одлука за иднината/целите на сопственото пчеларење (за 15+ години) и типот на сандаци кој за личните зацртани цели најдобро би одговарал, а првично купените или би се продале лесно и по највисока можна цена (стандардни се!) или би се адаптирале/кроеле (што е полошата варијанта/избор).

Со колку?

Кога почетник сега би ме запрашал и со колку сандаци/пч. семејства е најдобро да се започне, мојот одговор денес е: со најголемиот број што можат да се купат и истовремено да се прежалат, ама не повеќе од 4 - 6 (или до 10 - 12, на тотално ненаселени локации), ако пчеларот нема каков и да било, ментор.

За бројка поголема од горе наведените, се зависи зависи од гарантираната поддршка од менторот - но, според мое мислење, почетникот никогаш, апсолутно никогаш, не би смеел да создаде положба во која менторот ќе работи/аргатисува за него! (А тоа е речиси неизбежна ситуација ако се стартува со поголема бројка!)

Кога сме кај менторството, тоа треба да функционира како микс од взаемна потреба и привлечна хемија меѓу почетникот и искусниот пчелар а пак почетникот може кандидатот за добар пчелар-ментор да го познае, меѓу другото и по тоа што менторот нема децидно да му сугерира на својот штитеник со кој тип сандаци да работи (да, јас сум го правел тоа, но одамна - па ги познавам негативните последици).

П.С. Оние пчелари/пчеларки кои велат дека не го познаваат пчеларењето со типот сандаци што ги има почетникот, всушност, со други зборови кажуваат - не сум подготвен/а за менторство!

Постави коментар Blogger

  1. Kosta Galimanoskiфебруар 20, 2014

    Povozrasni pcelari si Dadan-Blat, pomladite LR i RV. A broj na pcelni semejstva od 1 do 3 dodeka nauci zanaet. Mentor moze da bide pcelar so pogolem broj na kosnici a ne onie sto se diplomirani lezaci na kauc i profesionalni demagozi so 3-4 pcelni semejstva.

    ОдговориИзбриши

 
Top