Безматично семејство во зима
Пред некој ден, кога температурата беше близу десетиот целзиусов степен а имаше и малку сонце, бев до пчеларникот - специјално за да го видам пчелното семејство за кое се сомневав дека си ја загуби матицата поради моето заборавање на матичната решетка.
Уште при самото доаѓање веднаш забележав дека тоа семејство е поактивно од сите други - пчелите влегуваа и излегуваа правејќи краток лет, а голем дел и лазеа по ѕидот на сандакот од летото во правец на сонцето - и ова ми беше јасна индикација дека матицата ја нема и се бара...
Го отворив, и сега, пчелите не беа одбрамбено агресивни, па подигнав две средни рамчиња - очигледно немаше легло - а пчелите брмчеа безматично.
При крајот на денот, го допрев санакот со едно свое уво - брмчењето на осиротеното пч. семејство беше со многу силен интензитет.
Ова семејство решив да го санирам со поставување на друго ослабено пч. семејство врз него (врз лист од весник, малку издупчен).
Претпоставката што ја изнесов за причината за безматичност во претходниот пост (Пчела в уво (што да се прави?)) останува!
Постави коментар Blogger Facebook