2

Само што започна последната декада од февруари, а веќе започнаа првите муабети за 8-ми Март.

Во училиштата родителите почнаа да се “организираат“ околу “потребата“ да им се набават подароци на наставничките, во фирмите и институциите се прават списоци на тие што ќе дојдат во кафеана, се бираат и букираат кафеаните и... Сето ова што кај нас се случува, човек го тера да се замисли...

Каде по патот, се загуби почетната намера и цел за постоењето на тој “празник“?

Пчеларењето е машка работа?

Во пчеларските кругови на Македонија убедливо доминираат мажите. Кога ќе појдете на некој чисто пчеларски настан/манифестација (семинар, предавање) од многуте мажи, со голема мака ќе пронајдете една или ниту една жена. Нашите луѓе се исклучително цврсто убедени во една работа: потешката физичка работа не е за сопругата, ќерката, братучетката, комшиката... Но, и другата страна (женската), се чини дека кај нас нема намера на ова поле да се бори за рамноправност.

Имало во Македонија традиција на женско пчеларење, познато било името на по некоја “поголема“ пчеларка, но ова женско пчеларење “се оправдува“ со потребата да се одржи егзистенцијата на фамилијата, во услови кога мажите-пчелари биле во војна, па во печалба, или пак умирале прерано (способностите им биле намалени), или од ќерките како поддршка на своите родители.

Јас повеќе години се движев по цела Македонија, заради издавањето на списанието Мелитагора и признавам, малку ми се прстите од еднава рака за да ги пребројам жените што сум ги запознал а кои по вокација биле пчеларки.

Токму заради овој контраст/конфликт во општите сваќања за женски и машки работи, и жените пчелари, тие се одличен новинарски материјал и се вистински актери за промоција на пчеларството.

Јасмина е најмладата пчеларка-мајстор во Европа

Освен од самото претстојно празнување на 8-ми Март, овој пост е мотивиран и од моето откритие на младата пчеларка Јасмина Zwinz. Јасмина е вистинска пчеларка по вокација! Помлада е од 30 години и кај сите нас, нејзините колеги по вокација, предизвикува чувства на восхит и посакување.

Посакување? Зошто?

Речиси типично е неразбирањето што еден пчелар го има кај својата сопруга. Кој пчелар не би сакал да ја има Јасмина за своја сопруга? Млада и женствена, убава, скромна и пресимпатична... Не и е никаков проблем да пренесува полни медишта!

Од она малку што прошетав гледајќи во приватноста на повеќето пчелари констатирав дека пчеларењето е семејна работа/бизнис, и влијанието, т.е. ставот кон пчеларењето на сопружникот/чката може да биде пресудно за успехот/неуспехот во пчеларењето. Дури и неутралниот став кон пчеларската активност на сопружникот/чката всушност, со времето се манифестира како негативен став.

Конкретно, за Јасмина може да се каже дека е вистински врвно едуцирана пчеларка која очигледно посветено работи буквално се во пчеларството, вклучително и најсофистицираните техники, како што во производството на матици се селекцијата и инструменталното осеменување.

И на пчеларските лаици им е импресивна изселекционираната речиси тотална неодбрамбеност на нејзините пчелни семејства.

Јасмина има пчеларство и работи во пчеларска школа во источна Австрија, југо-западно од Виена, во местото со име Мајсенбах (Miesenbach).

Мислам дека во моментов, на целиов европски контитнет нема подобар едукатор и популаризатор за пчеларството од неа.

Има и своја веб страница (клик):

На почетната страница се дадени линковите од филм во три продолженија. Топло ги препорачувам за гледање (квалитетна продукција).

На веб страницата, во едно од поглавијата за пчеларската традиција на семејството Zwinz (не ја знам транскрипцијата) е објавен исказот на нејзиниот дедо, кој што нејзе ја вовел во пчеларењето како дете.
Тука кажува како и тој бил, како дете, воведен во пчеларењето од неговиот дедо.

Една мошне впечатлива, и за мене, благородна, мисла искажува дедото на Јасмина (Карло): Ако некој работи со пчелите, НИКОГАШ не треба да се запраша: што добивам јас од нив/пчеларењето? Таквата личност не е вистински пчелар. Важно е на пчелите да им биде добро. Поради тоа што на нив им е добро, успехот доаѓа сам!“

Денес, вели дедото на Јасмина, имам 27 сандаци, и пчеларам исто така среќно како и секогаш, а завршува со зборовите: “Се додека здравјето тоа ми го овозможува, јас ќе работам со пчелите. Тоа е последното нешто од кое што ќе се откажам!

Откако ќе ги погледнете погоре препорачаните филмови (линковите се на страницата на Јасмина) можеби ќе ви се посака уште, па затоа еве ви ги овие подолу (може да се видат доста работи):

Јасмина практикува инструментално осеменување на матици.


Знаењето е моќ (Scientia potentia est) пчеларското ичилиште на Јасмина

(Природно саќе наспроти сотните основи, мирни пчели, вадење мед со четка, копулација на трутови и одземање на нивна сперма, инструментално осеменување, отпечатување мед со машина со вибрациски нож, центрифугирање багремов мед.)



Други жени-пчелари:

(Снимено природно оплодување на матица, употреба и состав на матичната млеч, за феромоните, комуникација, патот на нектарот до мед, колку полни медни желудници се потребни за 5 кг. мед, мирни и одбрамбени пчели, што пчелите ги иритира)


Инаку за љубителите на пчеларската историја, уште од 1906, Alexander I. Root ја има објавено книгата: “Пчеларење за жена“ која, (на англиски јазик) можете да ја симнете од тука (десен клик врз фоткава од корицата, па: Save As):



Постави коментар Blogger

  1. Одушевила ме је прича о Јасмини! А дедина порука је једна од најбољих коју сам икада чуо о пчеларству! Поздрав за Александра и његов неуморни истраживачки дух

    ОдговориИзбриши
  2. Анониманфебруар 11, 2014

    поздрав Александар. Гледајќи го прилогот за Јасмина, ми падна во око (покрај убавата Јасмина) кошницата со која што работи. Колку што видов се работи за 8-рамна кошница и рам сличен на фараровиот. На српскиот СПОС-форум има тема за Фарар кошницата и во неа под тема ВИСИНА НАСТАВКА. Тука пчелар по име Горан Томиќ ја опишува технологијата со неа. Ако имаш време и желба би те замолил да го дадеш твоето видување за таа кошница прилагодена во наши услови. Поздрав Зоран-Кавадарци.

    ОдговориИзбриши

 
Top