“Ех море, зелко...“
“Зелко една зелкарска!“
“Што оставаш вакви кога после не можеш да поднесеш?“
Ова си го велев додека ги гледав мртвите нуклеуси.
Беа угинати не од нешто друго, туку само од моја негрижа. Од глад.
Ова беше самостојно зазимено нуклеусче со стара матица, која после замената немав “душа“ да ја ликвидирам. |
Три угинати нуклеуси со “лоши“ матици, кои ги “заборавив“ лани... |
Требаше со мислите да се вратам назад во времето на есента и да се сетам што ми беше идејата кога ги оставав овие нуклеуси на презимување...
Знам дека првично си мислев нивните матици да ги искористам за да ги променам трогодишните - но следно беше кога сфатив дека овие матици се крајно сомнителни, не чинат - и дека всушност не би променил трогодишна добра матица со таква млада.
Трите матици, со можеби мал исклучок на едната од нив, беа ептен за-никаде - ниту за продавање, ниту за давање, ниту за спојување.
Лани не успеаја да се развијат барем толку за да ме стават во дилема дали да ги презимам самостојно (или пак во еден троделен оплодник), а сепак - ќе можеа оваа зима да ја поминат, вака збиени во троделниот оплодник, ако најдев време да ги отворам и да ги видам како стојат со мед.
Сега, кога ги видов овие нуклеусчиња мртви, јасно ми беше дека сум можел/морал и некако да најдам енергија и опрема за да ги спојам во едно.
Бидна што бидна, на некој начин вака е и добро, затоа што годинава ептен ќе се борам со недостаток на амбалажа за сместување на преживеаните пчели, а освен овие три, плус двете малку посилни, кои ми беа зазимени едно врз друго, и уште едно, уште послабо зазимено од нив, со стара трогодишна матица - други губитоци на овој пчеларник во скопското поле, засега немав.
Оваа година можеби ќе мора јас да бидам тој што ќе прави строга селекција - и ќе мора да ги ликвидирам сите оние семејства/матици кои ќе ми зафаќаат “амбалажа“, без да имам поголема сигурност дека би можел да имам некаков ќар од нив.
Таа филозофија е мошне поинаква од онаа што си ја имав лани во ова време, кога си зададов задача да ја наполнам со пчели скоро секоја стандардна “амбалажа“ што ја имам.
Но... Оваа филозофија е следниот чекор во напорот да се добијат што е можно попродуктивни пч. семејства. Тоа е она што најпритаено, и нескромно, си го посакував да ми се случи.
И ете, има сериозни предиспозиции тоа, во оваа нова сезона, навистина да се случи.
А изминативе зимски месеци тука, во скопсково поле, доминираа деновите со висока магла.
А изминативе зимски месеци тука, во скопсково поле, доминираа деновите со висока магла.
Релативно поретки, во споредба со други години, беа деновите и часовите кога маглата беше вака блиску до земјата. |
Немаше премногу влажност на самата земја - што е карактеристично кога маглата е густа и ниска. И тоа беше добро за пчелите на оваа локација.
За добар го сметам и фактот што маглата одржуваше ниски температури - блокирајќи го сонцето кое ќе ги подлажуваше пчелите на прекумерно излетување и себетрошење.
Веќе повеќе од еден изминат месец дневните температури осцилираат меѓу нулата и десетиот Целзиусов степен...
Сеопфатно земено, целава временска ситуација со оваа зима ме поттикна да се обидам да го применам прихранувањето што нашите колеги, пчелари од Австралија многу често го практикуваат. Овие временски услови, заедно со состојбата на лабаво клубе и појавата на првото зимско легло кај пчелите, ми изгледаа идеални за тоа.
Затоа уште на 16-ти јануари, кога бев на овој пчеларник за да ги ѕирнам пчелите при ден убав за облет, патем купив неколку еднокилограмски пакувања шеќер и ги употребив на начин што може да се види од фотографиите.
(Кликнете на фотографија од слајд-презентацијата за да ја видите во голем формат)
Тука се презентирани три од можните четири типа на ситуации во овој пчеларник, при прихраната со сув бел шеќер. 1. На фолија. 2. На поклопна даска. 3. Со присуство на хранилка. Четвртиот е неприкажан погоре (само со хранилка). Важно е да се знае: шеќерот треба да биде истуран малку подалеку од отворот (2 - 3 и + сантиметри) а не како што правев јас при првиов пат. Откако, со мојот пријател-компањон на пат за да ги прегледаме пчелите на Матка, по речиси три недели, навративме на овој пчеларник се уверивме дека овој метод мошне добро функционира...
Шеќерот како тука воопшто да не бил никогаш! |
Остатокот од малку шеќер индицираше дека треба да се постави некое дрвце или парченце стиропор за да се обезбеди премин за пчелите кога шеќерот ќе си го загуби волуменот. |
... И уште истиот ден го применивме - и на двата пчеларника во Матка.
За овој метод на прихрана со сув шеќер во кристал најмногу ни одговараа пакувањата од по килограм или 900 гр. (Кам-маркетите или Стокомак) кои токму во овој период имаа исклучително ниска цена (29-30ден./кг. и 27 ден./кг.).
Од моето скромно лично искуство со овој метод, можам да кажам дека не функционира кога нема доволно голема кондензирана вода - а пак нејзе да ја има, потребно е пчелното семејство да развие повисока температура, т.е. треба да има/да одгледува легло.
Истовремено, од теоретските сознанија што ги имам, знам дека стимулативниот ефект на овој метод врз развојот на пчелното семејство е речиси еднаков на нула. Но, за овој период од годината (јануари - февруари) мене токму тоа ми требаше: што е можно помалку легло и заштеда на медните резерви во рамките.
За некои специфики на овој метод (за и против), погледнете во следните мои постови...
Истовремено, од теоретските сознанија што ги имам, знам дека стимулативниот ефект на овој метод врз развојот на пчелното семејство е речиси еднаков на нула. Но, за овој период од годината (јануари - февруари) мене токму тоа ми требаше: што е можно помалку легло и заштеда на медните резерви во рамките.
За некои специфики на овој метод (за и против), погледнете во следните мои постови...
A very interesting and nice blog.
ОдговориИзбришиGreetings from Portugal
Paulo Gonçalves
http://viajaredescobrir.blogspot.com