Лутајќи така, почнав да го конзумирам форумот на српскиот пчеларски сојуз, каде заглавив поприличен број часови читајќи ги хронолошки сите пораки испратени на некои теми што мене ме заинтересираа.
Една од темите беше за употребата на зеолитот во пчеларството.
Јас со зеолитот за прв пат во својот живот се сретнав на студиско пчеларско патување низ Унгарија во 2002.
Вака изгледа пчеларникот-фургон. 60 пчелни семејства се поставени во него! Од компакт дискот “Патување во Унгарија (1)“ во издание на Мелитагора (може да се набави!) |
Таму еден од нашите домаќини, унгарскиот органски пчелар Иштван Наѓ го користеше во фиоките на подниците од сандаците во пчеларник на фургон (приколка).
Малите бели зрнца на дното од отворениот сандак - тоа е зеолит! Од компакт дискот “Патување во Унгарија (1)“ во издание на Мелитагора (може да се набави!) |
Неговиот одговор на прашањето “зошто го употребува зеолитот“ беше дека ја абсорбира влагата (се поставува од есен до пролет, а преку лето се вади) - влагата која што во фургонот знаела да биде преголема и проблематична.
Складирање на резервни медишни рамки. Се гледа дека тука нашиот колега не штедел од зеолитот. Од компакт дискот “Патување во Унгарија (1)“ во издание на Мелитагора (може да се набави!) |
Постави коментар Blogger Facebook