Откако моите деца ги “документираа“ велигденските јајца што самите со помош на мајка им ги направиле јас тргнав со точак накај пчеларникот, испратен од бруењето на пчелите што го посетуваа багремот пред мојата куќа.
За разлика од поголемиот број македонски пчелари кои читале или се уште читаат српска пчеларска литература, и заради тоа неосновано очекуваат нешто многу големо од багремот, јас на овој пчеларник во скопсково поле имам основа да очекувам посериозен принос од него.
Багремовата шумичка. |
Патот до пчеларникот. |
Ако се погодат временските услови, а пчелните семејства се подготвени и силни, овие предиспозиции се реални, за од багремот да се очекува барем малку повеќе - иако краткотрајноста на оваа паша е навистина депримирачка.
Како што може да се види од фотографиите за да стигнам до пчеларникот со точак ми требаше околу половина час лагодно возење по сувиот асфалт, но и тропски влажниот воздуж создаден од испарувањето на големиот вчерашен летен дожд, што истури на земјата големи количини вода.
Земјата на пчеларско изобилие, токму вака некако, ние пчеларите си ја замислуваме: на стационарниот пчеларник има багрем во изобилство и тој цвета-ли-цвета по секогаш сончевото време.
На ова забелено, расцветано растение крај сандаците се уште не му го научив името. Дава изобилни количини полен. |
Стартерот-одгледвач на вториот турнус матичници. |
Пчелите ја хранат и се грижат за матичната ларва, во тој процес менувајќи го обликот на матичникот. |
Неприфатена ларва, т.е. основа за матичник. |
Ова второво подобро ќе беше да го направев уште вчера, но можеше, без никаков проблем да се одложи, заради семејната екскурзија.
Несреден носач на матичници. |
|
Ослободување на матичната решетка |
Првиот турнус - затворени матичници. |
Некако не ми се заминуваше од пчеларникот.
Отворив одозгора некои од семејствата за кои бев во дилема дали да им додадам по уште едно медиште, и ... Понесен од оптимизмот и мирисот на багремот, им додадов медиште со изградени рамки - иако пред некој ден не бев баш сигурен дека ќе имаат доволно пчели за соодветно да го покријат новиот проширен простор.
Нека биде како ќе биде, багремовиот нектар е исклучително изобилен и редок (висок процент вода) и пчелите мора да имаат каде (саќе) да го созреваат, инаку нема ниту да го собираат. Овие рамки беа влажни од ланското центрифугирање и токму тоа средување што пчелите мора да го направат е она што во литературата се нарекува - феромон на празно саќе. Мошне поттикнувачки импулс - ако се има што да се донесе од природа.
Потоа морав да заминам затоа што ме очекуваше подолг пат директно од тука, преку две големи реки за да стигнам до Долна Матка.
Кога стигнав, го затекнав мојот пријател-компањон како поставува сотни основи на новите рамки од Србија што во меѓувреме ги исковал.
Требаше да активираме и некои стари, заборавени плодишта и еве како му помогнав да го решаваме проблемот со глувците.
Кога најпосле бевме готови со подготовките, 5 часот попладне веќе беше заминат, а заедно со него и неподносливата жега и печење на сонцето.
И тука, багремовата паша беше во првиот ден на своето.
Главна работа тука ни беше да поставиме уште некое медишште а патем и да вметенеме некој рам со сотна основа.
Од само еден тргнат наведнат рам со трутовско легло, без тресење нектарот искапуваше како од туш. |
Останала само една матица во средниот оплодник.
Во оној, каде беше матицата-бегачка, имаше само педесетина пчели и трутови а матицата ја немаше. Во оплодникот од другата страна имаше само 4-5 пчели а кафезот со угинатата матица беше паднат на подницата (паднал при пренесувањето/поместувањето на оплодникот).
Во овој засебен оплодник матицата се уште беше во кафезот и имаше останати доволно пчели. |
Неоплодената матица го напушта кафезот. |
Пред да си заминеме, го проверивме и сандакот каде минатиот пат бркавме матици. Најдовем една присутна матица и што е уште поинтересно, еден малку притиснат, се уште неповреден матичник.
Го пресадив во еден од крајните оплодници од троделниот оплодник, додавајќи му го рамчето со мед, со десетината пчели на него, и истресувајќи уште пчели од медиште на друг сандак. Матицата во притиснатиот матичник беше зрела, но ќе видиме следниот пат, дали ќе опстане и како.
Кога вчера се вратив дома, ноќта падна а ме изненади комплетното отсуство на очекуванот мирис од багремот... Зошто нема мирис?
Толку ли беше од багремот во Скопје?
Постави коментар Blogger Facebook