Сега треба да продолжам, таму каде што вчера застанав.
Да, застанав на фактот дека сум далеку од супермен...
A требаше да бидам...
Денес тоа предобро ми се разјасни.
Утринава го оставив синот в школо и со точакот отидов да го направам она што требаше да биде брзо и лесно - да ги пресадам 14-те Јентер матичници.
Не бре! Не била среќата наменета за мене!
Сабајлето двете деца ми станаа порано со огромна желба да гледаат цртани филмови пред да појдат на школо/градинка. Наместо тоа, на прва програма (МТВ) мораа да ја гледаат македонската народна приказна за атеистот овчар, на кого што Господ му ги криеше овците.
Атеистов-овчар беше прилично упорен во неверништвото, но на крајот мораше да стане побожен - инаку ќе си останеше без овците!
Се погоди и јас, како и децата, истава народна приказна да ја гледам по втор пат - и сега ми се чини - тоа да не ти било некаков знак за мене?!
Сандакот во средината е одгледувачот на Јентер матичниците од третиот турнус. |
Кога го отворив во раното утро сандакот и го кренав рамот-носач на матичници - молња ме погоди!
Сите матичници ми беа срушени!
Вчера немав енергија за тие потребни две минути за да го отворам сандакот и да видам каква е состојбата со матичниците - да имав веројатно штетата ќе беше помала. Вака, останаа само два матичника несрушени - затоа што беа надоградени со саќе.
Констатирав дека старата матица поминала низ матичната решетка - и ја направила бељата.
Потоа, пак се растрчав насекаде по пчеларникот, каде што имаше шанса да најдам од природните матичници и успеав да најдам неколку негибнати - во последен момент.
За неколку бев здоцнил неколку минути.
Мртва млада матица - убиена пред неколку минути. |
Билансот не крајот беше дека имам 5 оплодници “гладни“ за матица и уште неколку проблематични - и тие непроверени, но речиси сигурно безматични.
Мораше да се вратам во 11 часот за да го соберам синот од школо, но кога се врати сопругата од работа, во речиси 18 часот, пак се упатив на пчеларник, чисто да се осигурам: да не имам некаде, во некое од семејствата матичници.
Ги проверив сите потенцијални и констатирав дека немам.
Тоа беше тоа.
Вчера бев богат - имав матичници повеќе отколку што можев да употребам...
Денес сум сиромав.
А за сето ова нема зошто да го обвинувам Господ, туку само временскиот цајтнот во кој западнав!
(Знам, знам - ќе речете сега: и тој е дело Господово...)
E bas poradi ova e dobro kafezi da s ekoristat, kolku i za da ne gi zeznes musteriite ama i sebesi.
ОдговориИзбришиВо право си.
ИзбришиПостојано си се убедувам себе си: не биди толку самоуврен, но пак, одново, истото ми се случува.