Немам среќа со градоначалнициве - па тоа тие е!
Минатиот пат кога освои мандат истиов градоначалник, прогласи победа и за 15 дена почнаа со градба на зграда со 7 станови на 3 метри зад мојата куќа.
Сега се повтори истата шема, но овој пат ќе се гради пред мене а пристапот до мојата куќа ќе биде долг скоро 250 метри, во еден правец, а широк само околу два метра. За да биде сликата комплетна, треба да се знае дека од лево и десно, мојата куќа е лепенка со соседните.
И така, кога булдожерот/копач доби наредба привремено да се тргне, “ја напуштив барикадата“ и се упатив на пчеларник, но веќе стигна пладне.
Иако, веројатно поради нервирање и застранување, кога стигнав не знаев што треба да се прави, некако веднаш ми проработи инстиктот и решив дека е најважно да проверам: до каде ми се матичниците?
Подобро не можело да испадне - на секоја маркирана рамка освен една (со два), имав по еден одличен матичник.
Го прегледав детално семејството и констатирав дека и роевскиот нагон е намален до непрепознатливост.
Кај следното семејство ситуацијата беше слична, само 8 - 9 матичници на 5 рамки. Тоа беше родоначелникот на третиот турнус Јентер матичници, најмирното семејство на пчеларникот.
А го прегледав и тоа семејство што ги негуваше и веќе 70% ги затвори Јентер матичниците.
Уште неколку матичници останаа денес да се затворат. |
Веќе кај следните две ново-демарирарни пч. семејства имаше проблем: матицата им поминала низ матичната решетка.
Кај едно од нив, она што не прифати ниту еден Јентер матичник, а сепак негуваше барем еден свој, тој матичник беше срушен/уништен а матицата таму очигледно поминала многу порано од кај другиот сандак и направила веќе легло на 4 - 5 рамки. Така, кај него се разјасни причината за неприфаќањето на матичните ларви.
Најпосле, отворив и неколку оплодници - мамка ми беа оние што беа оформени од тивкосменските матичници, но потоа прејдов на другите, од вториот турнус.
Матиците од овој турнус веќе пронесуваа а пчелите на големо градеа диво саќе на поклопните даскички.
Оплодник пред да поставам рам-градежник со жица меѓу двете изградени рамки. Овие градежници пчелите ги градат со работнички сотни ќелии. |
Одеднаш пчелите нагло и во гужва почнаа да се враќаат во сандаците. Од југо-запад се темнееше темно-модар облак и јас си помислив дека време ми е да се евакуирам - иако не беше ниту блиску до 16 часот.
Цвет убиец на пчела! |
Ваква сцена се гледа ретко - еднаш во животот! |
Некако овие посети на пчеларниците деновиве ми завршуваат со чувство дека не сум ниту блиску до завршување на работите.
Така беше и завчера кога мене и на мојот компањон ни текна некаде при крајот на работниот ден (околу 17 часот) да одиме во Матка. Јас тој ден си го заборавив фото-апаратот.
Времето, тоа вторничко попладне беше убаво, па се зафатив со идејата да го проширам со сотни основи еден од фарар сандаците во Долна Матка, и од него и од други два да извадам легло и пчели, за да направам три оплодника кои требаше да ги однесеме на пчеларникот во Горна Матка, за да пресадиме во нив матичници.
Тоа ме завлече во толкава мера што мракот сосем ни се приближи и кога дојдовме горе немавме многу повеќе време освен да го оставиме троделниот оплодник и опремата за да префрлиме едно семејство од сандак за 10, на сандак за 12 рамки - сето тоа во функција на проектот да ги стандардизираме двата пчеларника: едниот да биде со опрема за ДБ на 12 рама, а пак другиот да биде само со 10-тки.
Денес, пак бевме таму горе и ја довршивме работата од пред два дена.
Фолија наместо поклопна даска... |
Пчлите мируваа во медиштето на експериментално ограничуваниот сандак. |
Најпрвин ги отсековме матичниците ...
... и потоа го отворивме троделниот оплодник донесен од Долна Матка, со рамки со легло и пчели.
Шокантно, и за мене мачно беше, кога констатирвме дека сите излетници ни се вратиле и дека оплодниците ни останале со по едвам 200-300 пчели!
Тоа значеше дека излетниците од долниот пчеларник работат всушност на оваа горна паша!
Откако го префрливме сандакот во опрема за 12 рама, она малку време што ни остана до мракот, ни помина во тресење малку пчели, кои требаше да ги засилат трите оплодници од троделниот оплодник на кои претходно им пресадивме матичници од едно од експерименталните семејства, кое беше со матични основи со ларви во моментот кога ја ограничивме матицата на само три ДБ рамки со легло.
Уште кога дојдовме во Горна Матка, сонцето се скри зад облаците, и на пчеларникот владееше некој чуден мир.
По не-знам-колку долго време, задува студен западен ветер, а ние се уште се плеткавме со матичниците и осиротените оплодници.
Од запад се надвиси еден моќен мастилав облак и почна толку силно да дува и да врне, што ние едвам стигнавме, речиси панично да собереме се од растурената “амбалажа“ и некако да се бутнеме до колата.
Овие неколку дена, во целава сегашна пчеларска сезона, беа рекордни во мојата неефикасност.
Имам чувство дека сум како мува-без-глава...
Постави коментар Blogger Facebook