1

Јасно е дека за пчеларниците во Скопската котлина овие денови пчелните семејства се впуштени во освојување на највисоките врвови на развојот во оваа пчеларска сезона.

Сите колеги, верувам, не само јас, овие денови сме како сурфери на големите бранови и се обидуваме да држиме каква-таква контрола над ситуацијата.

Јас, признавам, денес бев на самите граници од мојата психофизичка издржливост.

Вчера доселените нуклеуси...

Ограниченото време што можам да го поминам на пчеларникот продолжи да ме убива...

Денес имав, на почетокот само околу два часа, слободни за работа а се амбицирав да направам четири деленици, и да им додадам матици, и уште ако можам да пресадам матичници на вчера обезматичените оплодници...

Ама ургентноста и свеста за неа, ретко одат заедно.

Едно од семејствата со стари матици, што сакав да го поделам направило еден куп квалитетни затворени матичници во континуирано присуство на матицата...

И додека, сепак бргу, трчајќи по пчеларникот, правев напори нив да ги искористам мене времето ми отиде... Од делениците имав спремни само три а од додавањето матици - ниту една.

Пак, го употребив чудото наречено мобилен телефон и се јавив до бабата на другарката на мојот син - и имав среќа. Пак, од неа добив час и половина повеќе...(иако не знам до кога...)

Потоа почнав да ги планирам, распоредувам и сместувам природните матичници. Некои со рамките и пчелите на нив, а некои, посебно.

Кај првото семејство ситуацијата беше одлична, матичниците беа зрели, пред излегување а негибнати.

Проблем се појави кај второто, она, најмирното во пчеларникот. Првата маркирана рамка што ја кренав со еден матичник на неа откри поразителен факт - матицата излегла од матичникот!


Потоа, доста стресно ги прегледав сите останати рамки - ниту еден од другите матичници не беше оштетен а и матицата никаде ја немаше. Пчелите енергично ги заштитуваа матичниците.

Мораше и оваа ситуација да се среди - сето тоа за она кусо време - и кога тоа беше готово, јасно беше дека и вториот пролонгиран термин го пролизгав.

Остана единствено на помош да ја повикам сопругата и таа, враќајки се од работа, да оди до бабата на другарката на син ми, за да го земе него - а при долгите договарања и навигации - цркна батеријата на чудото.

Кога откачив се, и жена, и деца, можев да продолжам пофокусирано со наоѓањето, мацкањето во растворен мед и додавањето на матиците на четирите направени деленици.

Мило ми е што го видов како шета едно од  малите желчиња, комшиче во пчеларникот.

За беља, и времето стана посончево, па во тие претопли услови, ги спакував и ги натоварив во колата, заедно со трите троделни оплодници.

Кога стигнав дома, ги збуткав некако, ги маскирав и ги отворив истоварените нуклеуси и оплодници, а потоа легнав да се одморам.


Додека се одморав си мислев, да бев супермен, сега ќе се одлепев од креветов и ќе појдев со точак да ги пресадам и последните нездомени 14 Јентер матичници...

Арно ама...

Далеку сум јас од супермен!

Постави коментар Blogger

  1. Анониманмај 28, 2013

    Ne se davaj aleksandar ostaj ti zena nezena, propadna svetov od niv.

    ОдговориИзбриши

 
Top