Малку се исфрустрирав со овој блогерски софтвер на Гугл.
Вчера никако не сакаше да ми прифати поставување на две видео клипчиња преку YouTube. Неколку часови изгубив на тоа пред да сватам дека проблемот не е поврзан со нешто што јас сум направил.
Иако проблемот го оставив нерешен најпосле се упатив на пчеларник - главно затоа што времето беше убаво а прогнозата за утре (т.е. денес) беше лоша - вчера или денес - пресадувањето на не-нај-квалитетните матичници од вториот турнус мораше да се направи.
Иако си мислев дека брзо ќе завршам, ќе направам избор на матичниците и избраните ќе ги пресадам - друга била судбината на денот.
Откако ги извадив сите матичници, освен еден, што го оставив кај пчелите кои досега сите нив ги чуваа, почнав да ги делам на оплодниците што беа веќе подготвени (5 донесени од Матка, два овдешни).
Уште еден занемарен оплодник! |
Да не ги уништувам преостанатите матичници најдов и направив неколку места плус (медишта со еден рам легло).
Потоа почнаа непланираните активности.
Најпрвин решив дека треба да отворам едно семејство, послабо, за да го демарирам, за после пашава да не ми се изрои а така ќе имаше и повеќе простор за легло.
Во картонот сум му запишал дека на 1-ви мај една медна рамка сум кренал од плодиштето во медиштето над матичната решетка. Кога погледнав во него, најдов рамка со легло, а на рамката до неа беше матицата - туку што започнала да ја несе!!! За десет дена ова беше нејзиниот целокупен ангажман (една и пол рамка)!
Решив да ја поставам во првиот речиси испразнет спрат, но рамките со легло под неа беа идеални за правење оплодници...
Малку се двоумев - и потоа веднаш направив три оплодници од овој сандак, кој што во следниов период и онака ќе беше во аут од производство на мед.
За да не ги фрлам, нему (но и на други места) му поставував по два матичника во трите деленика. Потоа морав да правам и нова позиција/постоље.
Правејки го новото стојалиште им ја растурив куќичката на овие желчиња. |
Се уште ми се работеше, па решив да го отворам и сандакот пред кој што уште од пред неколку дена имаше многу мртви пчели.
Излезе дека тој ми бил пред десет дена демариран, а одозгора, над првиот спрат со матицата сум му поставил дури три спрата - што беше премногу.
Сакав да го редуцирам на само три спрата, но како? Пак на истиот начин како пред тоа. Со правење на уште три деленици-оплодници. Над матичната решетка имав само рамки со затворено легло од кои неколку беа со зрело легло - пред излегување.
Санакот го оставив отворен - и така ми остана отворен речиси половина час, додека не успеав да најдам каде сум оставил по два матичника, за да одземам по еден и да ги додадам на новоформираните три.
Од еден од спратовите, оставен настрана, младите пчели веќе панично почнаа да лазат по земјата, во потрага по матица...
Требаше уште и да ја најдам матицата и да ја поставем во преуреден спрат-плодиште со повеќе простор за несење, но времето ме изеде и редуцирајќи го сандакот за еден спрат, го затворив, оставајќи ја матицата каде што си беше.
Си заминав од местото со чувство дека сум креатор на хаос а не на ред и поредок. Многу непријатно чувство што порано, кога започнува со своето пчеларење - често ми се случувало!
Kreator na haos, poznato mi e toa custvo :D
ОдговориИзбриши