Додека во градот (Скопје) комшиските пчели се занимаваа со саксиските цвеќиња...
...на периферијата од градот, моите пчели работеа на овошната, ливадската, врбовата... И на оваа мала блиска парцела од репица.
Беше облачно и неколку небесни капки навестуваа можност да заврне посериозен дожд.
Затоа веднаш штом стапнав на земјата од пчеларникот се фатив да го видам Јентер апаратчето.
Дали конечно пчелите ги затвориле дупките на чепчињата - бидејќи вчера, при крај со трпението, ја затворив матицата во него.
Не. Повеќето ќелии не беа затворени.
Е, па мене ми здодеа да чекам. Решив да ги исполнам ќелиите користејќи се со восок од оближното трутовско саќе.
Буквално сите ќелии во апаратчето беа со положени јајца.
Сум видел илјада пати како матицата пред да положи јајце, ја пика главата во ќелијата...
Матицата положила јајце во овие, што пчелите ги затвориле онака како што знаеле и умееле... |
...Но, и овие со дупка во средина! |
Од лево се незанесените само-што-затворени ќелии (од мене), а од десно се оние што пчелите ги затвориле а матицата ги занела со јајца. |
Матичниот кафез однапред. |
Денес ги прегледував послабите семејства.
Додека вадев крајни рамки, правејќи место да додадам рамки со сотни основи... - Уоуууу!
Тресев рамка да ја ослободам од пчелите и ова се случи:
И слабите семејства носат вишок од нектар!
Друго слабо семејство еве како изградило градежна рамка.
Не е лошо, нели!?
Не дека не претчуствував, но минаа скоро десет дена откако со хоризонтална матична решетка го поделив семејството што требаше да биде мој стартер/одгледувач (на 14-ти април). Од тогаш не бев го отворил и...
Пред да се стемни си помислив дека сега мора да го погледнам. Претчувствував дека би можело да имам НЕШТО за гледање.
Барав... И најдов!
На само една рамка над матичната решетка имаше само три отворени матичници од кои еден беше пред затворање.
Без многу да размислувам го пренесов во безматичното семејство (ако не сте следеле: клик) - на довршување и чување.
Еве уште едно дело на слабо семејство. Оваа градежна рамка е истата онаа што ја додавав на градење по втор пат. Втора-среќа!
Ваква беше првиот пат. Потоа вака ја скроив... |
Лилјаците кружеа над пчеларникот во низок лет правејќи брзи неочекувани свртувања, кога јас го оставав пчеларникот зад себе.
Голема прашина се крена зад моќните тркала на мојот велосипед!
Не е зафрканција - марка е: РОГ (правен по ЈУС)!
Постави коментар Blogger Facebook