Кога, по претходна телефонска најава, кај мене дома пристигна Горан, тргнав да му сварам кафе.
Таман ја турив водата во ѓезвето и го пуштив плинот кога тој ми рече: остај го кафето и дојди со мене. Заеднички одлучивме да одиме до неговиот пчеларник на западната периферија на Скопје - за да ги видиме матичниците што тој со пресадување ги одгледуваше (за проба) во едно обично, неподготвено пчелно семејство.
Патувањето требаше да трае само час и половина затоа што до единаесет морав да се вратам, а за тоа време тој требаше и да појде до истиот ветеринар каде што јас бев минатиот пат, за да си го земе формуларчето за пријавени семејства (и тој не плати ништо).
Посетата кај ветеринарот беше краткотрајна, но како што обично се случува, се направи муабет за медот и после вообичаената забелешка дека ние пчеларите не знаеме никому да му понудиме мед за џабе, јас му ветив на ветиринарот тегла мед кога следниот (трет) пат ќе ме види кај него в канцеларија.
Денов, барем утринава, беше лош за отворање на сандаци (студен северен и на моменти многу силен ветер) и се ограничивме само на тоа да ги видиме какви се матичниците.
Горан Анчевски на својот пчеларник. |
Прихранувањето на семејството стартер/одгледувач е неизбежност. |
Поради патот што мораше да се гради како врска со скопската обиколница, дел од плацот му беше национализиран и сега пчеларникот му беше прилично експониран - па разговаравме за тоа како би било најдобро да се огради - визуелно и физички.
Откако само го ѕирнавме одозгора следното семејство-кандидат за следниот, посериозен турнус на матици мораше да заминеме.
Толку беше моето време...
Постави коментар Blogger Facebook