Денес јас и мојот пријател и пчеларски компањон добивме сериозен ултиматум од глувците во Горна Матка.
Ако не превземете нешто, беше нагласено во ултиматумот, ние ќе сметаме дека овој пчеларник е наше легитимно глувчешко живеалиште!
Дека не филозофирам многу, доказ ќе ви бидат фотографиите подолу.
А не е многу, она што треба да се направи за пчеларникот да не стане глувчоград.
Летата на патосницата не треба да се повисоки од 8 мм, или да се заковаат клинци со отстојание од 8 мм, или да се постават така-наречените чешли.
Но, не му е прво ваквото искуство на мојот компањон, и не беше еднократно моето предупредување дека треба да се погрижи за тој “мал, ситен и безначаен“ детал...
Во овој наш пчеларник на Горна Матка сме го имале досега тоа “задоволство“ да видиме глувци кои се загнездиле на патосница, во збег, под капак, но, за прв пат ја имавме честа да видиме гнездо во медиште на живо и сега мошне активно пчелно семејство.
![]() |
Медиштата се секогаш над плодиштата во овој ДБ пчеларник. Еве каде сакал да се смести нашиот глушец. |
![]() |
Од тука, делот зад преградната даска, се качувал глушецот на спратот и го пренесувал својот материјал за затоплување. |
![]() |
Пчелното семејство одоздола го преживеало ваквото уништување на медишните рамки. |
Срамно ми е да кажам во колку сандаци од овој пчеларник денес најдовме остатоци од гнезда на глувци, и уште повеќе е срамно, дека најмалку едно семејство угинало, најмногу како последица од вознемирувањето предизвикано од глушецот-комшија.
![]() |
Комшијата е мртов. Жална ли е оваа вест? |
Кога локацијата на пчеларникот (550 метри н.в.) е сиромашна со ранопролетна и доцноесенска паша, карактеристично е дека во пчеларникот на пролет се издвојуваат мошне силни семејства и семејства кои се на границите на угинување или се средни накај слаби.
На оваа локација силните семејства не заостануваа зад таквите во другите делови на државава - имаа и до 7, 8 , дури 9 ДБ рамки со легло. Но слабите...
Слабите семејства угинуваат и деновиве, за пример, како ова семејство подолу на сликата, што угинало во времето од нашата претходна брза посета пред една недела, до денес.
![]() |
Ѓубралник на глушецот кој предизвикал угинување на ова пчелно семејство. |
![]() |
Вакви рамки се ротираат само ако временската прогноза е поволна. |
![]() |
Тука дојдовме во последен момент. Го одзедовме овој последен рам со полен/мед и пчелите на него и го додадовме на друго слабо семејство. Му наместивме две рамки со сотни основи. |
Постави коментар Blogger Facebook
Кликни за да го видиш кодот!
Да се внесе emoticon потребно е да се внесе празен простор пред кодот.