Јас не сум религиозен човек.
Сепак...
Ги почитувам тие што не се како мене и веруваат во некој Господ.
Некако, одолговлекував со пишувањето на овој пост оти не сакав и вам да ви го пренесам разочарувањето и бедотијата што ми го затворија срцето - откако дознав дека на Драги од Горна Матка, нашиот сосед со три-четри пчелни семејства - му украле три од четирите сандаци со пчели.
Тие апаши, никогаш нема да видат аир од тие пчели!
Првото пч. семејство беше останато со мошне мал број пчели и матица. Пред некој ден го спасувавме со додавање на малку пчели... |
И да ги чуваат/кријат, и да ги продадат, црните пари што ќе ги земат, ќе им останат како сувенир од нивниот арамилак - што барем за кратко ќе ги потсетува на јадот и бедата што му ја причиниле на ближниот свој (ако - ако некој можеби ги учел дека тие што веруваат во друг бог или зборуваат друг мајчин јазик - не им се ближни).
Ќе им се случуваат несреќи - тешки несреќи - и тие, знаеле или незнаеле, ќе бидат поврзани со оваа беда што ја сториле.
Затоа што Драги е добар човек - на секој што му побарал помош, му помогнал, и никому не останал за ништо должен - а сите нему нешто му должат! Многу ги сака пчелите и се радуваше на вишокот од мед, што го подаруваше на сите што му беа блиски, и го нудеше на сите што ќе посакаа да го пробаат.
Тие апаши му нанесоа беда, но нема да можат да му ја скршат љубовта. Тој повторно ќе собере сила и ќе најде начин да има/чува пчелички!
Но затоа пак, клетвата негова, моја и на сите други што го познаваат Драги - кога тогаш ќе ги стигне тие апаши!
Нема да видат аир, туку беда ќе ги очекува нив и нивните поколенија - до три, ако воопшто ги имаат или ако стигнат да ги создадат!
Постави коментар Blogger Facebook