Од 17-ти август кога за последен пат бев на пчеларникот во скопското поле, па до вчера (21-ви август) состојбата со пчелните семејства не се променила!
Сушата и заобиколувањето на дождовите направи ова место да биде во сосема иста ситуацијата, во каква што сега се повеќето пчеларници на Македонија: беспашност и дефицитарност во поленски извори.
Пчелите и понатаму беа прилично мирни - што значеше дека сепак има медлика - но од неколкуте семејства што ги отворив, јасно беше и дека количините се незначителни - има само за нив.
Над мојата глава крстосуваа ластовици и пчеларки а меѓу нозете над земјата ми крстосуваа безброј оси.
Од искуство знам дека бројчаната состојба на пчелите во овој период ќе достигне критично ниско ниво.
Уште првиот саат по моето попладнево доаѓање една оса ми се мушна во сандалата и ме боцна толку силно што “го видов господ“.
Потентна некоја оса беше - не престана убоденото место да ме боли и да ми отекува додека не легнав да заспијам - со часови и часови.
Се откажав од идејата на посилните семејства да им вадам мед на црни рамки - просто затоа што нови приноси немаше.
Состојбата со леглото не беше толку лоша. Отворив едно од слабите нуклеуси на кои минатиот пат им бев ставил изцентрифугирана црна рамка - и на неа имаше положени јајца.
Во ред, си реков, нема никаква смисла да ги вознемирувам сега пчелите - некои од семејствата правеа облет а останатите мируваа. Ќе си соберам малку капинки, за да не ми биде доаѓањето џабе и...
Така и сторив.
П.С. Завчера во моето е-поштенско сандаче пристигна изненадување: официјална и директна покана за мене да бидам еден од членовите на организациониот одбор на македонско научно-стручно советување за пчеларство што би требало да се случи на ден 14 декември 2013 (сабота).
Потписник на писмото-покана беше г. Мирољуб Голубовски во име на организаторот: Македонското здружение за заштита на автохтоната македонската медоносна пчела (Apis mellifera macedonica) – MacBee.
Претседателот на Организацискиот одбор е веќе познат: доц. д-р Александар Узунов, како и на Научно-стручниот одбор: проф. д-р Хрисула Кипријановска.
Имам рок од седум дена да одговорам на понудата (прифатам/одбијам).
...Се уште не сум решил, што да правам...
Пријавите се на:
Објављивање коментара (Atom)
Sekako deka ke prifatite, Vie ste od retlki pcelari vo Republila Maledonija kompetentni da ucestvivaze na sovetuvanjr za pcelatstvo, pozdrav i samo napred
ОдговориИзбриши