Дождот што падна при крајот на август (ме затекна на пчеларникот) донесе повеќе надеж отколку реално подобрување на состојбата со пашата. Во меѓувреме одново се појави медлика во градот. |
Завчера на пчеларникот во скопското поле бев во ноќни часови... Со мојот колега-компањон пренесовме уште 4 новокомпонирани годинешни нуклеуси кои досега беа “на постење“ во Матка.
Тоа што таму го доживеав беше за прв пат во мојот живот.
Додека ги истоварувавме и поставувавме нуклеусите неизбежно мораше да го слушаме карактеристичното чуруликање на птиците-пчеларки. Јасно ми беше дека звуците ги произведуваа голем број птици, но - за прв пат во мојот живот слушав како пчеларките се огласуваат ноќе. И ова беше навистина спектакуларно звучно доживување затоа што пчеларките беа блиску, а беа и мошне бројни и бучни.
Деновиве отсуствував од блогот поради повеќе различни причини меѓу кои се приклучи и последната: ми цркна хар-дискот на компјутерот!
Ќе биде навистина жалосно ако не успеам да повратам - ако не се, барем дел од клипчињата и фотките кои ги направив летово а ќе беа интересни за блогчево.
Така што, независно од темата на постот, ако успеам нешто да спасам, ќе го пуштам тука, оти тука има помалку шанси да се загуби отколку на моите скромни дискови/цедиња...
Постави коментар Blogger Facebook