0
Не паметам ова да ми се случило одамна...

Двете екс-југословенски списанија што редовно ми ги испраќаат (Slovenski cebelar и  Пчелар), поштарот да ми ги донесе во ист ден.


Кога излегуваше македонското пчеларско списание Мелитагора размена правевме редовно - но сега... Мелитагора не стигнала на нивна адреса со години, а тие се уште ми праќаат... Како и Русите (Пчеловодство) и Пољаците (Pasieka)...

Знаевте ли дека дека во Србија пчеларските списанија до сега имаат континуитет што почнал уште од 1883-та?

Во Словенија почетокот бил од 1898 година... Всушност, истото пчеларско списание било прво периодично печатено гласило воопшто во Словенија! Денес: најстаро од сите списанија!

Токму во овој број е објавена веста дека и ова списание е комплетно дигитализирано - од првиот негов број: (Одберете на “Sort by:“ date ascending)

И српското списание ги има дигитализирано своите постари изданија (од 1898). Тие веќе неколку години можат да бидат најдени на веб страницата од Сојузот на пчеларските организации (но, деновиве, за инает, не работеа линковите за постарите изданија од 1898 до 2005 и за Југословенско пчеларство).

Постави коментар Blogger

 
Top