Потоа откривав со филмовите, а денес и со интернет...
И...
Секаде се провлекуваше идејата, тврдењето дека откако есента ќе дојде во своите зрели денови, на пчелите им треба мир...
Апсолутен мир на пчеларникот...
Апсолутен мир...
Убаво е тоа...
Мир...
Хипнотично, или дури поетски, звучат овие зборови.
Особено благородно се чувствував кога тврдењево ќе го прочитав во стручна книга, пчеларско стручно списание, или ќе го искажеше спикер во некој пчеларски филм или некој си друг - на пример, при пчеларско предавање или во емисија на телевизија.
Арно ама...
Откако ќе се прочита, види и чуе на некој медиум, следниот чекор е: да се отворат очите на пчеларникот и...
Да се набљудува!
Јас го направив тоа и спознав дека...
На пчеларникот НИКОГАШ нема мир.
Мирот не постои - се додека пчелите се живи.
(Со време го стекнав и тој осет да го препознаам тој смртен мир, што никој од нас не го посакува, но џабе ми е да ви пишувам за тоа, бидејќи тоа знаење не може да се пренесе со зборови.)
И затоа, ве уверувам, ако имате веќе усвоено некоја предрасуда за “мирот на пчеларникот“ и “страшните последици“ ако тој “мир“ еднократно биде нарушен, како на пример, при прегледот и отворањето на сандаците заради капнување на пчелите со растворена оксална киселина - ве уверувам дека можете безгрижно и безбедно таа предрасуда засекогаш да си ја избришете од вашата меморија! (Без да ја оставате привремено, во рециклаторот, иако тоа, со предрасудите, е необично тешко!)
Живите пчели и виталните пчели (што не се пред умирање) ова еднократно вознемирување, во навистина незгодно време, можат да го преживеат без никаков ризик.
Природата им ја дала таа способност, исто како и способноста никогаш да не мируваат...
Минатата недела беше денот кога јас и мојот пријател-компањон се договоривме во раните утрински часови (06.30) да појдеме на пчеларниците во Матка, за да извршиме третирање на пчелите со оксална киселина (17 ноември 2013).
Растворот го направив јас, ден претходно, растворајќи 35 гр. кристали од оксална киселина во малку обична, но скоро врела вода.
Откако киселината се раствори (ја мешав со дрвена лажица во пластично садче, бидејќи киселинава го нагризува металот од кујнските лажици) ја истурив во шеќерниот сируп направен од 600 гр. шеќер и 0,6 литри млака вода (млака, за побргу да се раствори шеќерот).
За сите пчели го направив ова одеднаш, и иако мислев дека сум направил премногу (5 дози како горната) на крајот се покажа дека едвам ни остана само околу децилитар.
Најпрвин “го подбравме“ пчеларникот во Долна Матка.
Иако беше најрано утро кога стигнавме и температурата не беше повисока од 5-7 Целзиусови, пчелите тука не беа баш цврсто заклубени.
Ништо нема поелегантно од одлепување на фолијата и накапување на заклубените пчели. |
Интервенцијата кај ова ДБ семејство, качено во плодиштето беше во поставување на две комплетни погачи и покривање со фолија одозгора. Се гледа празното медиште. |
Само за ова едно откритие се исплатуваше доаѓањето тука и отворањето на сите сандаци...
Потоа откривме уште едно “диво“. Тоа клубето си го направило во празниот простор меѓу рамката оставена за од неа пчелите да си пренесуваат мед на централните рамки. Очигледно ова семејство на Фарар опрема било премногу прихрането - направило дури и диво саќе во празниот простор!
И тоа си доби погача...
На крајот, последната работа што беше аномалична тука, беше семејството со триесетина преостанати пчели и млада обележана матица.
Нему предоцна сме му ја констатирале и замениле дефектната матица (на 9-ти септември). Пред тоа воопшто не успеало да си создаде доволен број зимски пчели - судбината му беше запечатена - и нам ни преостана само да му го затворивме летото...
Кога пристигнавме на пчеларникот во Горна Матка, веќе беше 9.15 часот. Многу време ни одзедоа аномалиите во Долна Матка и фактот што пчелите не беа во цврсто клубе. |
Мојот пријател-компањон позира. Прекрасен есенски пејсаж во позадина и покрај облачното утро. |
Ваквите ДБ семејства (со фолија) бргу се работат. |
Пчелите тука горе беа во поцврсто клубе отколку оние долу и покрај тоа што ги отворавме во доцните утрински часови. |
Таму каде што семејствата не беа особено силни а немаа фолија, ја поставувавме, иако задоцнето. |
Практично, немаше загуба на ниту едно пчелно семејство до сега. Дури и кај послабите. |
Основниот прибор за третирање: растворена оксална, шприц, пластично лонче, прскалка и фолија (погачи во резерва - се подразбираат). |
Некаде имавме заборавени флувалинатни стапчиња, па дури сега ги вадевме. |
Ги третиравме и слабите резервни пч. семејства. |
Една важна работа за сите нас е да им помагаме, колку што можеме на комшиските хоби пчелари... |
И така, во гостопримство на нашиот комшија, пиејќи топло чајче, тој работен ден го завршивме.
Другата половина од нашите пчелни семејства се договоривме да ја одработиме после два дена.
На пчеларникот во скопското поле бевме во 6.50 часот, уште порано од пред два дена.
Не е лесно да се третираат 70-тина пчелни семејства во речиси нестандардна опрема.
Едни сандаци имаа разни хранилки одозгора, други поклопни даски, а трети, само фолија.
Интересни беа за гледање пчелните семејства поставени за презимување во троделни оплодници.
Овој подолу, го знаете веќе каков беше:
А и овој сандак подолу, го прегледував минатиот пат кога бев на пчеларникот :
Вака изгледа откако му беше отстрането пластичното шише и спратот со рамките. |
Иако едни семејства беа самостални, други беа поставени едни врз други, а трети беа едно до друго, во троделни оплодници.
Работата се заврши. Како што може да се види од времето, ни беа потребни вкупно околу 100 минути за да истретираме 70-тина пчелни семејства а тоа значи дека ни требале помалку од 1,5 минути за едно! |
Од овие внимателно изведени есенски отворања на сандаците и краткото изложување на пчелите на светлината и вашите очи, не може ништо да се загуби - а секако може нешто да се поправи и уште повеќе, може да се дознае/спознае/научи!
Одлична презентација Александар.
ОдговориИзбришиПредходното третирање ти било со флувалинат? (Заборавената летвичка).
Нели уште во Мелитагора се зборуваше дека вароата е веќе резистентна на флувалинат, или после пауза од неколку години пак има ефект?
Направи ли контрола за ефикасноста на тоа третирање?
Поздрав,
Драги
Фала.
ОдговориИзбришиДа. Само стапчиња со чист флувалинат.
Вароата е резистентна но има тука многу варијабилности... Една е дека на голем број сандаци, не знам ни сам на колку, имам отворени замрежени патосници. Таму голема ефикасност се постигнува со 50% од препорачаната доза (пр. 1 стапче).
Оние крлежи што се отпорни, кај сандаците со класична подница можат, и делумно се враќаат назад на пчелите и во леглото, после првичното омамување - кај мрежастите подници - не.
Јас немам намера со третирањето да го сотрам максимално крлежот туку само да го сведам на подносливи бројки, да ги заштитам “зимските“ пчели.
Контрола не вршам бидејќи тоа за мои услови е невозможна мисија - премногу варијабли и затоа, нема да имам никаква корист од резултатите - какви и да бидат!
Инаку половина од пчелите (со мојот комапњон) се третирани и дополнително со амитраз (фумигација).
Пролетни третирања никогаш во животот не сум правел...
Г-н Михайловски, чудесни репортажи! Честит Ви нов блог!
ОдговориИзбриши