1

Ова што ќе го прочитате подолу е напишано за да биде маркетинг за мојот мед.

Затоа не очекувам никаква благодарност за евентуалната корист што би можеле да ја имате од овие информации - освен да купите по некоја тегла мед од мене!

Вашите коментари (пофалби и забелешки), се мошне посакувана манифестација на личниот интегритет!

Мотивација

Во лето, но и при обавување на некои други работни и спортски активности често станува неопходно секојдневното капење/туширање.

Јас лично почнав секојдневно да трчам и после трчањето редовно се враќам дома испотен - па туширањето ми стана секојдневна неопходност.

Првиот проблем е што при оваа работа, со користење на разни сапуни, шампони и купки се обезмастува кожата, нашиот најголем орган, и нема ниту една хемикалија што таа природна заштитна маснотија може вистински да ја замени - иако многу козметички брендови тоа го тврдат.

Втор проблем е што сите достапни купки, шампони и сапуни се коктели на хемикалии, всушност отрови, кои не би смееле да ги вкусиме никогаш, одделно, а особено не во дадениот коктел (шампон, итн.). (Често може да се прочита на нивните пакувања дека е потребно брзо перење и друга медицинска помош, ако истите ни влезат в очи.)

А јас ја поддржувам мислата на една наша промоторка на “здрав живот“ (С. Велков) дека нешто што не би го јаделе, не би смееле и да го користиме/клаваме на нашата кожа.

Сепак, факт е и дека човечката кожа е мошне издржлив и флексибилен орган, и дека може да издржи прилично големи малтретирања. Да не е така, индустријава за козметички препарати и сапуни одамна би била банкрот.

Мојот предлог не е крајно решение, туку само еден чекор поблиску до него/природата.

Знаеме дека последниве години станаа многу популарни шампоните, купките и сапуните “со“ мед и млеко.

За овој приказ јас во локалниот супермаркет го набавив овој производ - купка.

Е, па, жалната вистина е дека тие од медот и млекото во себе не содржат ништо или имаат само трагови - колку за да го оправдаат името.


Но затоа имаат меден мирис - и тежнеат преку коктелот на хемикалии да го постигнат истиот ефект што се очекува од медот и млекото.

Посакуваниот ефект е мека, “влажна“ кожа - нешто што треба да биде замена за обезмастувањето. Решение за оние од нас кои, по природа, имаат посува/попосна кожа.

Тоа што при секојдневната употреба на овие отровни “хигиенски“ хемикалии, колку и да се миеме со вода, на нашето тело остануваат остатоци од нив (резидуи), кои што со тек на времето можат да предизвикаат, или можат да придонесат во предизвикување на многу здравствени проблеми - тоа како никому, па ни нам, на корисниците, како да не ни е важно! Битен е само моменталниот учинок/впечаток! 

Некои од нас се залажуваат дека сето тоа секојдневно контаминирање останува на површината, само на кожата - но за жал, тоа не е така. Осмозата е одамна утврден механизам кој базира на увидувањето дека преку клетките на кожата во нашето тело можат да влегуваат супстанците од надворешноста - а особено е тоа изразено/брзо ако таа надворешност е влажна!

Јас тука ви предлагам НАВИСТИНА да ставите мед во овие модерни “мед и млеко“ купки - и тоа висок процент - дури до 50%.

Подолу на фотките ќе видите како јас тоа го направив, а вие, ако можете, експериментирајте дополнително, со додавање на помалку, или пак, уште повеќе мед - иако јас сметам дека оваа количина мед е повеќе од доволна!

Медот (мојот) за оваа намена е најдобро да биде малку потечен, светол, НИКОГАШ незагреван - истиот што всушност би го намачкале на парче леб и би го изеле.

Ова е се што е потребно за да се направи медената купка/шампон.
При дозирањето треба да се внимава единствено на оставањето доволно празен простор во шишенцето. Тоа е непходно за побрзо/поефективно мешање.
Завршениот производ!

Употреба

Јас ја употребувам оваа медена купка и за коса (глава), и за тело.

При првото сапунење обично се троши многу.

Мене ми се може - медот е мое производство. Но, ако вам ви е скапо, можете за првото сапунење да си употребите било каков друг шампон/купка.

Ако направите така, гледајте тоа да трае мошне кратко (првин тело, па потоа глава/коса) и потоа добро да се измиете.

Дури потоа, со оваа медена мешавина што сами сте си ја направиле, можете полека, со мерак, да си се мачкате, миете и уживате...

Севкупно, ова е мала финансиска инвестиција, но која, на долги патеки, може мошне многу повеќе да значи за одржување на сопственото здравје.

П.С. За скептиците:

а) Мешавината останува хомогена, т.е. медот подоцна не се таложи ако еднаш, на почетокот, добро се измеша/клати најмалку барем 5 минути. Не е воопшто неопходно, иако може, еднаш, да се проклати пред употреба, но тоа е добро и за сите други течни сапуни и шампони.

б) Не, нема да се лепите после миењето (со 50% содржина на мед)

в) Да, ако користите сунѓер при капењето, добро е, секогаш, ептен убаво да го измивате и повремено, почесто, да го вметнете на перење со сите други бели алишта.

П.П.С. Рокот на траење на оваа мешавина не сум го утврдил. Затоа, мој совет е да се прави помала доза, од најмногу половина литар, која, најдолго за неколку месеци, ќе се потроши.


Постави коментар Blogger

  1. Здраво, се викам Мохамед Абдулрахман и живеам во Брисел, Белгија. Сега, благодарение на ова, јас и моето семејство можеме да живееме удобно. Додека пребарував на интернет, наидов на компанијата за кредитирање „Trust Bridge Financial Service“, која нуди заеми со поволни каматни стапки. Решив да се обидам и, на мое изненадување, сè се одвиваше како во сон – добив заем од 135.000 евра. Сакам гласно да му објавам на светот за чудата што Бог ги направи за мене преку оваа компанија, која работи со страв Божји. Им препорачувам на сите на кои навистина им е потребен заем да стапат во контакт со нив преку е-поштата: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com. Ви благодарам.

    Trust Bridge Financial Service
    Е-пошта: trustbridgefinancialservice943@yahoo.com

    ОдговориИзбриши

 
Top