0

Минаа повеќе месеци а јас никако да се доберам до компјутеров за да поставам нов пчеларски пост на овој блог.

Не можам со 100-процентна сигурност да кажам која беше причината на оваа платформа да не продолжам со поставување на своите пчеларски размислувања.

Знам сигурно две работи.

Едната е дека постојано блогов не ми излегуваше од главата - во мислите го пишував, а во пракса фотографирав - речиси секогаш кога ќе заминев на пчеларник.

Другата е, дека некако целото ова мое однесување беше под влијание на смртта на мојот братучед Зоран, за која пишував и во ОВОЈ ПОСТ на мојов блог.

Пред некој ден дел од неговите најблиски беа поканети на шестмесечно потсетување - кај неговиот гроб.

После потсетувањето - животот, како и овој мој блог, мора да продолжи - и ете, продолжува!...

Постави коментар Blogger

 
Top