Изваден првиот мед за центрифугирање
Два пати тргнувам безуспешно до пчеларникот на Долна Матка.
Почнав да суеверам дека некоја виша сила ме спречува.
Еднаш ги заборавив клучевите од вратата на оградата па се вратив од пола пат а вториот пат истури дожд што падна точно врз мене! Еден километар понастрана било и остана суво како барут!
Но, веројатно вишата сила не била против мене, туку против точакот мој. Ова го мислам затоа што кога ми се јави пријателот-компањон со желба заедно да одиме со неговата кола, а јас прифатив - конечно стигнавме таму!
Прво, беше најважно да се види ситуацијата со пчелното семејство што минатиот пат, кога бев тука, имаше повеќе матични чаури со ларви. Го отворивме и констатиравме дека има многу затворени матичници а дел беа и пред затворање. Ја пронајдовме матицата, и на една рамка со отворено легло, без матични чаури и матичници, со плус неколку сотни основи и рамка со мед, ја оставивме на старото место а пак сите други рамки, заедно со медиштето ги сместивме во нов сандак на ново место.
Кога тоа го завршивме (ДБ “демарирање)“, остана приоритетот сите други неѕирнати семејства да се ѕирнат, за евентуално да не се пронајде уште некое во слична ситуација.
Кога почнавме тоа да го правиме, вадејќи по неколку рамки од плодиштата и проверувајќи ги дали имаат матичници или залегнати матични члаури, искрсна уште еден приоритет - да се тргнат медишните рамки со висок процент на затворен мед, за на пчелите да им се обезбеди простор.
На едно семејство му ги одзедовме двата спрата со мед и наместо нив поставивме спрат со сотни основи - сите освен две крајни полупразни изградени рамки.
Така работејќи, стигнавме до уште едно семејство во ист стадиум на изројување како претходното - но ова беше некој ден понапредно во намерата да се изрои - всушност, беше на неодреден број часови пред изројување, затоа што матицата беше прилично и видливо ослабена а пчелите се групираа во еден крај на сандакот.
Со него ја повторивме истата постапка.
Кај неколкуте фарар сандаци на овој пчеларник беше јасно дека ќе мора за некој ден да се вадат медишни рамки, но кај два од нив, за жал, пак ми се протнала матица од плодиштето.
Во еден сандак направила малку легло на долните делови од неколку рамки и барем за мои очи, исчезнала - затоа што не успеав да ја пронајдам, иако отепав многу време во барање!
Кај другиот ја пронајдов матицата, која што овде веќе два пати ми се протнуваше - и тука, од сите страни на сандакот, пред да ја плеснам матичната решетка, најпрвин поставив парченца-ленти од фолија. Сега останува да се види дали решетката е дефектна или матицата ќе си остане долу.
Потрошивме петнаесетина плодишни ДБ рамки со сотни основи и извадивме вкупно три медишта за центрифугирање. Оформивме еден оплодник за да му додадеме матичник од роевските семејства и пресадивме уште еден матичник во еден друг оплодник што очигледно имаше дефектна матица која пчелите сами ја ликвидирале и направиле принудни матичници.
Од сето ова нема фотографии затоа што си го заборавив фото-апаратот.
ajde aleksandar cekame nov interesen tekst od tebe, srdecen pozdrav
ОдговориИзбриши